Заклучување тастатура
За да спречите случајни притискања на копчињата, изберете Мени и притиснете
* за 3,5 секунди за да ја заклучите тастатурата.
За отклучување на тастатурата, изберете Отклу. и притиснете * за 1,5 секунди. Ако
е вклучено безбедносното заклучување на копчиња, внесете ја безбедносната
шифра кога ќе се побара.
За да поставите тастатурата да се заклучува автоматски после однапред одредено
време кога телефонот е во режим на чекање, изберете Мени > Прилагоду. >
Телефон > Автоматско заклучувње > Вклучи.
За да одговорите на повик кога тастатурата е заклучена, притиснете го копчето за
повик. Кога ќе го завршите или одбиете повикот, тастатурата автоматски се
заклучува.
Кога уредот или тастатурата се заклучени, можни се само повиците до
официјалниот итен број програмиран во Вашиот уред.