Nokia 2330 classic - Мени на операторот

background image

Мени на операторот

© 2009 Nokia. Сите права се задржани.

22

background image

11. Галерија

Содржините заштитени со ДРМ доаѓаат придружени со клуч за активирање што ги

дефинира Вашите права за користење на содржината.
Ако Вашиот уред има OMA DRM-заштитена содржина, за да направите резервна

копија на клучевите за активација и на содржината, користете ја функцијата за

правење резервни копии на Nokia PC Suite. Другите методи на префрлување може

да не ги пренесат клучевите за активирање кои треба да се овозможат со

содржината за да можете Вие да продолжите со користење на содржината

заштитена со OMA DRM откако меморијата на уредот ќе биде форматирана. Може

исто така да треба да ги повратите клучевите за активирање во случај датотеките

на Вашиот уред да бидат оштетени.
Вашиот телефон поддржува систем на управување со дигитални права (DRM) за да

ја заштити стекнатата содржина. Секогаш проверувајте ги условите за испорака на

секоја содржина и клучот за активирање пред да ги преземете, бидејќи тие можеби

се наплаќаат.
За да ги видите фолдерите, изберете Мени > Галерија.

12. Медиуми

Камера и видео

Вашиот уред поддржува правење на слики со резолуција од 480x640 пиксели .

Фотографирање

За да ја користите функцијата Кадар, изберете Мени > Медиа > Камера, или ако

е вклучена видео функцијата, движете лево или десно. За да сликате, изберете

Фотогр..
За зумирање или одзумирање во режим на камера, движете нагоре или надолу.
За да ја поставите камерата во ножен режим, за да го вклучите тајмерот или за да

сликате во брза секвенција, изберете Опции и саканата опција. За да го поставите

режимот и времето на преглед, изберете Опции > Прилагодувања > Вре. за

прег. на сли..

Снимање видео клип

За користење на видео функцијата, изберете Мени > Медиа > Видео. За да го

стартувате видео снимањето, изберете Снимај.
За да ја поставите должината на видео клипот што може да го снимите, изберете

Мени > Медиа > Камера > Опции > Прилагодувања > Дол. на видео

клип.