
Nokia поддршка
Проверете на www.nokia.com/support или вашиот локален Nokia веб сајт за
најновата верзија на ова упатство, дополнителни информации, преземања и
услуги во врска со вашиот Nokia производ.
Услуга за конфигурациски поставки
Преземете бесплатни конфигурациски поставки, како што се MMS, GPRS, e-mail и
други услуги за вашиот модел на телефон на www.nokia.com/support.
Општи информации
© 2009 Nokia. Сите права се задржани.
8
Безбедносниот код Ви помага да го заштитите Вашиот телефон од неовластено
користење. Претходно наместениот код е 12345. Можете да креирате и да го
промените кодот и да го прилагодите телефонот да го бара кодот. Новиот код
чувајте го во тајност и на безбедно место подалеку од Вашиот телефон. Ако го
заборавите кодот и Вашиот телефон е заклучен, Вашиот телефон ќе ја побара
услугата и може да се применат дополнителни трошоци. За повеќе информации,
контактирајте со некоја Nokia Care точка или дилерот на Вашиот телефон.

Nokia PC Suite
PC Suite и сродни информации можете да најдете на веб страната од Nokia, на
www.nokia.com/support.
Nokia Care сервиси
Ако треба да контактирате Nokia Care сервиси, проверете ја листата
на локални Nokia Care контакт центри на www.nokia.com/
customerservice.
Одржување
За сервиси за одржување, проверете кај најблискиот Nokia Care сервис на
www.nokia.com/repair.
2. За почеток
Инсталација на SIM картичка и батерија
Секогаш исклучете го уредот и отстранете го полначот пред да ја отстраните
батеријата.
SIM картичката и нејзините контакти лесно можат да бидат оштетени со гребење
или виткање, па затоа бидете внимателни при ракувањето, вметнувањето или
отстранувањето на картичката.
1. Притиснете го копчето за ослободување (1) и отстранете го задниот капак (2).
2. Отстранете ја батеријата (3).
3. Отворете го држачот на SIM картичката, и вметнете ја SIM картичката во
држачот со површината за контакт свртена надолу (4). Затворете го држачот
на SIM картичката.
4. Вметнете ја батеријата (5) и вратете го задниот капак (6).
Полнење на батеријата
Вашата батерија е делумно наполнета во фабриката. Доколку уредот покажува
дека батеријата е слаба, сторете го следново:
1. Вклучете го полначот во ѕиден штекер.
2. Поврзете го полначот со уредот.
3. Кога батеријата покажува дека е целосно наполнета, откачете
го полначот од уредот, а потоа и од ѕидниот штекер.
Не треба да ја полните батеријата за некој одреден период на
време и можете да го користите уредот додека истиот се полни. Ако батеријата е