Предвидливо внесување текст
Предвидливото внесување на текст е базирано на вграден речник на кој исто така
можете да му додавате нови зборови.
1. Почнете да пишувате збор, користејќи ги копчињата 2 до 9. Притиснете го секое
копче само еднаш за една буква.
2. За да потврдите збор, движете надесно или додадете празно место.
● Ако зборот не е точен, притискајте * и изберете го зборот од листата.
● Ако после зборот е прикажан знакот ?, зборот кој сте имале намера да го
напишете не постои во речникот. За да го додадете зборот во речникот,
изберете Спелув.. Внесете го зборот користејќи традиционално внесување
на текст и изберете Зачувај.
● За да напишете сложени зборови, внесете го првиот дел од зборот и движете
надесно за да го потврдите. Напишете го последниот дел од зборот и
потврдете го зборот.
3. Почнете да го пишувате следниот збор.
5. Движење низ менијата
Телефонските функции се групирани во менија. Тука не се опишани сите мени
функции или ставки од опциите.
Во режимот на чекање, изберете Мени и саканото мени и подмени. Изберете
Излез или Назад за да излезете од тековното ниво на мени. Притиснете го копчето
за крај за директно да се вратите во режимот на чекање. За да го смените изгледот
на менито, изберете Мени > Опции > Изг. на гла.мени.
6. Размена на пораки
Можете да читате, пишувате, испраќате и зачувувате текстуални, мултимедијални,
аудио и флеш пораки и e-mail. Услугите за пораки може да се користат само ако
Вашата мрежа или обезбедувач на услуги ги поддржуваат.