Конфигурација
Можете да го конфигурирате вашиот телефон со поставки кои се потребни за некои
услуги. Вашиот добавувач на услуги може и да ви ги прати овие поставки.
Изберете Мени > Прилагоду. > Конфигурација и од следниве опции:
● Станд. прилаг. за конфиг. — за да ги видите добавувачите на услуги снимени
во телефонот и да поставите основен добавувач на услуги
● Активи. станд. во сите апликации — за да се активираат основните
конфигурациски поставки за поддржаните апликации
● Преферирана пристапна точка — за да ги видите снимените пристапни точки
● Повр. се со под. на обезб. на усл. — за да ги преземете конфигурациските
поставки од вашиот добавувач на услуги
● При. за упр. со уред — за да дозволите или спречите телефонот да прима
софтверски ажурирања. Оваа опција може да не биде достапна, во зависност од
вашиот телефон.
● Лични прилагод. на конфигурац. — за рачно да додадете нови лични сметки
за различни услуги и за да ги активирате или избришете. За да додадете нова
лична сметка, изберете Дод.нов или Опции > Додај нов. Изберете го типот на
услуга и внесете ги бараните параметри. За да активирате лична сметка, дојдете
до неа и изберете Опции > Активирај.