Nokia 2330 classic - Bluetooth безжична технологија

background image

Bluetooth безжична технологија

Bluetooth технологијата ви дозволува да го поврзете вашиот телефон користејќи

радио бранови, со компатибилен Bluetooth уред во опсег од 10 метри (32 стапки).
Овој уред е во согласност со Bluetooth спецификацијата 2.0 + EDR што ги поддржува

следниве профили: општ пристап, општа размена на објекти, hands-free,

слушалки, потиснување на објекти, трансфер на датотеки, личен пристап до

мрежна област, dial-up мрежно работење, апликација за откривање услуги, SIM

пристап и сериски порт . За да осигурате интеропратибилност помеѓу другите уреди

што поддржуваат Bluetooth технологија, користете додатоци за овој модел што се

одобрени од Nokia. Проверете со производителите на другите уреди за да ја

утврдите нивната компатибилност со овој уред.
Функциите кои што користат Bluetooth технологија ја зголемуваат побарувачката

на енергија од батеријата и го намалуваат животниот век на батеријата.

Поставување Bluetooth врска

Изберете Мени > Прилагоду. > Конектив. > Bluetooth и преземете ги следниве

чекори:
1. Изберете Име на мојот телефон и внесете име за вашиот телефон.
2. За да активирате Bluetooth поврзаност изберете Bluetooth > Вклучи.

покажува дека Bluetooth е активиран.

3. За да го поврзете вашиот телефон со аудио додаток, изберете Поврзи се со

аудио додатоци и уредот што сакате да го поврзете.

4. За да го спарите вашиот телефон со било кој Bluetooth уред во опсегот, изберете

Спарени уреди > Дод. нов уред.

Поставки

© 2009 Nokia. Сите права се задржани.

20

background image

Дојдете до најдениот уред и изберете Додај.
Внесете лозинка (до 16 знаци) на вашиот телефон и дозволете ја врската на

другиот Bluetooth уред.

Ако сте загрижени за безбедноста, исклучете ја Bluetooth функцијата или поставете

Видливост на мојот телефон на Скриени. Прифаќајте Bluetooth комуникација

само од оние на кои им верувате.

PC врска со интернет
Користете Bluetooth за да го поврзете вашиот компатибилен компјутер на интернет

без софтверот PC Suite. Вашиот телефон мора да има активирано добавувач на

услуги што подржува интернет пристап, а вашиот компјутер мора да подржува

Bluetooth мрежа на персонална област (PAN). По поврзување на телефонската

услуга мрежна пристапна точка (NAP) и спарувањето со вашиот компјутер, вашиот

телефон автоматски отвора интернет врска на пакетни податоци.