Мултимедијални пораки
Мултимедијална порака може да содржи текст, слики и звучни или видео клипови.
Само уредите што имаат компатибилни функции можат да примаат и прикажуваат
мултимедијални пораки. Изгледот на пораката може да е различен во зависност
од уредот што ја прима.
Безжичната мрежа може да ја ограничи големината на MMS пораките. Ако
внесената слика ја надминува оваа граница уредот може да ја направи помала за
да може да биде пратена од MMS.
Важно: Бидете внимателни при отварање на пораките. Пораките може да
содржат штетен софтвер или на друг начин да бидат штетни за Вашиот уред или
персонален компјутер.
За достапност и претплата на услугата за размена на мултимедијални пораки (MMS),
обратете се на вашиот добавувач на услуги. Можете и да ги преземете
конфигурациските поставки.
Видете "Nokia поддршка" стр. 8.